Нусрет Гокче, веројатно е името кое никогаш не сте го слушнале во животот, но затоа добро знаете кој е Salt Bae. Турскиот готвач кој станал ѕвезда на интернет поради едно видео во кое многу изразувачки става сол во парчето месо и оттогаш работата навистина сериозно му тргнала.
Денес тој е сопственик на ланец ресторани, а светските ѕвезди, вклучувајќи ги и Дејвид Бекам, Роџер Федерер, Брус Вилис и многу други, “се борат“ за да резервираат да јадат кај него и да се фотографираат со него.
Гокче е роден во сиромашно, курдско семејство во Турција, а поради лошата финансиска ситуација веќе во шесто одделение морал да го напушти училиштето и да се вработи во месара.
Својот прв ресторан го отворил во 2010-та година во Истанбул, а пред тоа патувал во Аргентина и САД три години и воглавно работел волонтерски по рестораните затоа што сакал да научи што повеќе за гастрономијата, готвењето и водењето на ресторан.
Денес, Нусрет има ресторани во Дубаи, Њујорк, Лондон, Мајами, Миконос, Абу Даби и други градови.
Иако, практично преку ноќ станал славен, гастро критичарите не се воодушевени од неговата храна која ја нарекуваат неимпресивна и препечена. Критикуван е и поради тоа што се фотографирал покрај фотографијата на Фидел Кастро како и поради тоа што се дружел со венецуелскиот претседател Николас Мадурo кој го посетувал неговиот ресторан.
Неодамна се нашол и во посериозен проблем, кога четири келнери го тужеле поради тоа што им дал отказ. Келнерите го обвиниле популарниот готвач дека е диктатор.
„Воопшто не ги почитуваат локалните закони. На овој начин тој се обидува да ја сокрие неговата диктаторска страна. Сигурен е дека е Тони Монтана од филмот “Scarface“. Така и се однесува кон своите работници, со понижување и навреди“ – изјавил еден од келнерите кој што го тужел.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















