Адел првпат се соблече во бикини откако ослабе 45 килограми

515

Музичката ѕвезда Адел ослабе 45 килограми, а сега првпат се соблече во костим за капење и ја покажа својата завидна фигура.

Пејачката не е меѓу најактивните корисници на „Инстаграм“, па од време на време објавува фотографии со кои воодешувава.

Меѓутоа, пејачката овој пат отиде чекор понатаму, односно облече хеланки и горен дел од бикини.

Адел со фотографија на Инстаграм сакаше да го обележи карневалот во Нотинг Хил, кој беше откажана оваа година поради пандемијата на коронавирус. На сликата е прикажан горниот дел на бикинито со знамето на Јамајка, јака направена од жолти пердуви, златен ланец и хеланки, а косата ѝ беше врзана во пунџички.

Дел од нејзините фанови се воодушевени од фигурата на Адел, но ги имаа и оние кои оставија негатвини коментари.

Како што пренесува „Daily Maily“ некои од фановите тврдат дека овој нејзин потег е како културна апропијација – употреба на елементи на една култура од страна на друг припадник. На Твитер многумина ја осудија Адел, а еден корисник на социјалните мрежи напиша дека треба да отслужи затворска казна бидејќи направила фризура која е поврзана за афричкиот народ.

Од друга страна, фановите стојат во нејзина одбрана, објаснувајќи дека Адел само сакала да ја покаже својата нова фигура со фотографија откако изгубила дури 45 килограми. Трети велат дека Адел не личи на себе, а нејзиниот нов изглед и имиџ го споредуваат со Кети Пери.