Рано утрово се случи исклучително интересен дуел во Аризона.
Феиникс Санс го пречека младиот тим на Сан Антонио Спарс. Во вториот меѓусебен дуел за само три дена, фуриозната серија на “спарси” од 12:0 го реши победникот. При израмнет резултат (116:116) гостите имаа страшен офанзивен налет кој им донесе заслужен триумф од 132:121.
Во центарот на вниманието беше првиот пик на овогодинешниот драфт, Виктор Вембањама. Во својот петти натпревар младиот французин одигра одлично и реализира “дабл-дабл” сочинет од 38 поени и 10 скокови. Популарниот “Вемби” често изјавува дека негов идол е Кевин Дурент а дуелот со него му претставува дополнителна мотивација за да ги покаже своите квалитети.
Кај домаќините Девин Букер беше водечки со 31 поени а му недостигаше само еден скок за да оствари “трипл-дабл” учинок. Кевин Дурент постигна 28 поени што се покажа недоволно за да се зачува домашниот терен.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















