Во Данска ќе се воведат квоти за населување на странци

494

Владата на Данска најави законски измени на контроверзниот израз гето и во следните 10 години во поединечни делови на 15 градови да биде ограничен бројот на „незападни“ жители на 30 проценти.
Секоја година во Данска се објавува „гето листа“ на која се вброени делови од градовите во кои е зголемена стапката на невработеност и стапката на криминал.

Голем број незападни странци во една област го зголемува ризикот од појава на религиозни и културни паралелни општества – истакна данскиот министер за внатрешни работи, Каре Дибвад Бек.

Данска има една од најрестриктивните европски политики за имиграција, која ја продолжи социјадемократскиот премиер Мете Фредериксен по доаѓањето на власт во јуни 2019 година.