Парите им паѓаат од торби, а наместо гориво ставаат вотка: Вака живеат богатите деца од Будимпешта

960

Веќе навикнавме на интернет да наидеме на снимки од богаташи и нивните деца, кои немаат проблем да покажат во каков луксуз живеат.

Сега дошол редот и на “богатите деца до Будимпешта”, а каков гламур ги окружува можете да проверите на страната на Инстаграм “Rich Kids Budapest”.

Така извесна Доминика Симон, се пофалила со фотографии од неодамнешниот годишен одмор во Сингапур, додека Ивет се одлучила за летување во Грција.

Една девојка покажала и дека нејзиното куче знае да ужива – така малиот булдог позирал покрај бело “ферари”.

Како и секогаш, богаташите може да се видат како позираат на луксузни јахти, покрај скапоцени автомобили, а тука е неизбежниот шампањ.

Ни мажите не заостанале, па така бизнисменот Николаос Чарокопакис на сите им ја покажал својата торба полна со банкноти од 500 евра, а еден вљубеник во скапи автомобили се пофалил како наместо гориво, во резервоарот става вотка.