Поранешната српска кошаркарка, Милица Дабовиќ вчера ја шокираше јавноста кога призна дека отворила профил на сајтот за возрасни – „OnlyFans“ преку кој ќе наплаќа за интимни содржини.

„Твитерџии, бидејќи сите ми пишавте и го сакавте мојот „OnlyFans“, решив да ви ја исполнам желбата. Обожавам да се фотографирам, го сакам моето тело, така што сите слики од сега одат таму. Уште еден скандал горе-долу. И облогот падна дека ќе имам 1000 претплатници за 48 часа“, напиша на Твитер Милица Дабовиќ, чии разголени слики сега ќе се најдат и на страницата за возрасни.

На гореспоменатиот сајт за возрасни е отворен профилот на поранешната српска кошаркарка, а во описот пишува дека таа е „спортистка, поранешна кошаркарка, освојувач на златни и бронзени медали на Европските првенства, односно Олимписки игри“, како и сопственик на моден бренд.
На сликата на нејзиниот профил и се гледа само интимниот долен дел од телото во долна облека како и една од многуте тетоважи во пределот на интимата.

Покрај оваа објава и две други објави, пишува и дека месечната претплата е 15 долари.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















