Ракетата на компанијата на американскиот милијардер Џеф Безос, се срушила назад на Земјата набрзо по полетувањето кое било вчера, но капсулата која ја носела со помош на падобран успеала да се однесе на сигурно, пренесува „АП“.
Капсулата од компанијата „Блу ориџин“ која требала да стигне до границата на атмосферата на Земјата, неочекувано се одвоила од ракетата недолго по полетувањето на ракетата од Тексас.
Во капсулата која се наоѓала на врвот од суборбиталната ракета „Њу шепард“ немало патници, пренесува „Ројтерс“.
Се запалиле моторите
Една минута по полетувањето, на околу осум километри над Земјата можело да се забележи како моторите се запалиле и дека е активиран моторниот систем на капсулата која леталото ја отфрлил од ракетата пред со падобран да биде вратена на земјата.

Од „Блу ориџин“ на Твитер напишале дека го разгледуваат проблемот којшто се случил во западен Тексас, наведувајќи дека системот за одвојување на капсулата „функционирал како што очекувале“.
Станува збор за 23-от лет во суборбиталната вселена на ракетата „Њу шепард“ во сопственост на компанијата „Блу ориџин“ која ја основаше милијардерот и сопственик на „Амазон“, Безос.

Ракетата „Њу шепард“ осмислена е како повеќекратно искуство на вселенското летало, а основната намена ѝ е суборбитален вселенски туризам.











![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











