СКОПЈЕ БЛОКИРАНО ОД ДЕНЕС ДО ПЕТОК – избегнувајте го особено центар и главните булевари, еве што ќе се случува

1277

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.