Кој е човекот кој „одлучи“ за шампионот во Формула 1? Тој е „персона нон грата“ во Британија, а и претходно имаше конфликти со Хамилтон

985

Макс Ферстапен со неверoјатен пресврт во Абу Даби стана новиот шампион во Формула 1, но љубителите на „најбрзиот циркус“ истакнуваат дека во тоа многу учествуваше Мајкл Маси, директорот на трката.

Да ве потсетиме, на последната трка во борбата за титулата шампион, Луис Хамилтон имаше огромна предност во однос на Ферстапен која изнесуваше дури 10 секунди. Но, во 53-от круг Николас Латифи се судри, по што Маси нареди дека не е дозволено претекнување.

Сепак, во последниот круг одлуката беше сменета, па возачите беа пуштени да ја завршат трката со претекнување, еден круг одлучуваше за шампионот. Тука подобро се снајде Ферстапен, со што ја освои својата прва титула.

По трката од Мерцедес истакнаа дека последниот круг треба да се повтори, додека Маси имаше едноставен одговор:

„Треба да го повториме последниот круг, ова не е во ред“, велеа од тимот на Хамилтон.

Сепак, Маси не сакаше да се впушта во поголема конверзација со екипата, па кажа:

„Ова е трка. Во ред? Моја работа, поточно мојата улога не се разликува многу од судиите во фудбалот. Имам јасни правила кои треба да се почитуваат и тие се исти за сите. Мојата работа е да ги применувам“, зборуваше Маси.

Кој е Мајкл Маси?

Овој Австралијанец сè до 2019 година пред моментот кога како последица на смртта на Чарли Вајтинг го презеде местото директор на трката, не беше претерано познат во Формула 1 светот.

До крајот на 2018 година никој од Формула 1 не знаеше ништо за него, затоа што беше директор на В8 Суперкар серијата која се одржуваше во Австралија.

ФИА го доведе до местото директор на Формула 2 и Формула 3, за да собере искуство од Вајтинг со цел еден ден да го преземе кормилото на Формула 1.

Сепак, поради неочекуваниoт сплет на околности, Маси на местoто на директор на Формула 1 се најде порано од очекуваното.

Веднаш по своето доаѓање во Формула 1 им дозволи слободно возење на возачите, тврдејќи дека „треба да ги пушти да се натпреваруваат“, а по таа логика се водеше до самиот крај, па и во вчерашната трка.

Историја на конфликт со Хамилтон

Британецот и претходно се жалеше на одлуките на Маси, па така по трката во Сочи во 2020 година тврдеше дека тој се обидува да го спречи да дојде до својата титула.

На споменатата трка, Хамилтон двапати беше казнет со по пет секунди и поради тоа трката ја заврши на третата позиција.

„Се обидуваат да ме запрат“, велеше Хамилтон, по што Маси истакна дека судиите само ги почитуваат правилата и дека нема повлекување.