Постојат сè повеќе информации за тоа дека крвните групи навистина имаат големо влијание врз целокупното човеково здравје, а еве што откриваат последните сознанија за тоа.
Отпорноста на организмот на бактерии, инфекции и различни болести, ја одредуваат многу фактори, меѓу другото и крвната група.
Носителите на одредени крвни групи имаат поголема шанса да се изборат со нападите врз својот организам, а во таа смисла најдобро поминале луѓето со крвна група 0.

Имено, долгорочните студии покажале дека крвната група 0 е најмоќна од сите други останати крвни групи.
Докажано е дека носителите на таа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести, како и мозочни и срцеви удари, ретко патат од болести поврзани со помнењето, а докажано е и дека постои мала веројатност дека можат да заболат од канцер на желудникот.
Поради отпорноста на болестите, луѓето кои имаат крвна група 0 во споредба со останатите луѓе живеат најдолго.
А, зошто е тоа баш така?
Една од најважните причини зошто е тоа така е тоа што крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочните и срцеви удари се предизвикани од лошата коагулација на крвта. Всушност, работите кои се добри за срцето исто така се добри и за мозокот затоа што бројни ризик фактори кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести се слични на ризиците за настанување на ментални болести.

Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тоа е тешко да се одреди, меѓутоа експертите велат дека станува збор за крвната група А, поради тоа што носителите на таа крвна група се најмалку отпорни и на маларија.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












