Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, пристигна во болницата „Пирогов“ во Софија да ги види преживеаните во автобуската несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија.
Тој изјави дека туристичката агенција е од Скопје, а според непотврдени информации меѓу загинатите во несреќата има и повеќе од 10 деца. Жртви, како што рече Османи, се и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд, имајќи предвид дека вчера беше празник – Ден на албанската азбука.
Тој смета дека повеќето граѓани се од Скопје.
Во „Пирогов“ беше и премиерот Стефан Јанев. Се очекува да пристигне и премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















