Готвачот Нусрет Гокче, исто така познат и како Salt Bae, бара готвач за во својот лондонски ресторан „Nusr-Et Steakhouse“ кој би ги подготвувал скапоцените специјалитети како што е Golden Giant Tomahawka кој чини 1.975 долари.
Salt Bae во огласот навел дека бара готвач кој ќе биде платен 16 долари по час, плус бакшиш.
Таа сума на пари е еднаква на сумата која се плаќа за пире од компири или слатка пченка во ресторанот на славниот готвач, пренесува „Daily Mail“.
„Нусрет во Лондон нуди многу конкурентна плата и прекрасни можности за развој на глобалната кариера“, стои меѓу другото во огласот за работа.
Набрзо огласот се појавил и на социјалната мрежа Твитер, а мислењата на луѓето се поделени.
„Па, тоа е солидна плата, бакшишот е сигурно добар“, „Тоа е подобра плата отколку во останатите ресторани“, пишувале некои од луѓето, но поголемиот дел од нив сметаат дека ресторанот претерува со цените и дека сигурно можат да понудат и поголеми плати за своите вработени.
„Кога толку многу ја наплаќаат храната, би можеле да дадат и поголема плата за готвачот“, „Којзнае како се дели бакшишот на крај. Мислам дека тоа не се исплаќа“, „Бедно“, „Сè во врска со ова е очајно и погрешно“, се само дел од коментарите.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











