Фудбалската репрезентација на Македонија ќе добие супер-засилување во сениорскиот тим, затоа што Ердал Ракип од шведски Малме доби дозвола од ФИФА да го облече дресот на „рисовите“ и да дебитира за сениорскиот тим.
Се работи за 25-годишен играч од средниот ред кој може да се снаоѓа и како играч за врска и како директен учесник во акциите на главниот дел од теренот. Ракип има македонско потекло и доби дозвола од ФИФА да го облече дресот на Македонија во октомвриските квалификации.
Ердал Ракип од 2019 година е член на Малме и е константен. Во Алсвенскан има 16 настапи, два гола и една асистенција, а исто така играше и во првиот тим против Јувентус во рамки на првото коло од Лигата на шампионите.
Покрај за Малме, играчот во кариерата настапуваше и за Бенфика и Кристал Палас. Македонија во октомври ја очекуваат мечеви со Лихтенштајн на гости и со Германија на домашен терен.
![[ВИДЕО] „Чудо“: Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/VbXNl-screenshot-2026-05-15-071017-218x150.webp)













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)













![[ВИДЕО] „Чудо“: Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/VbXNl-screenshot-2026-05-15-071017-100x70.webp)



