Лионел Меси во 75. минута го напушти теренот на мечот меѓу ПСЖ и Лион, а медиумите на големо пишуваат на оваа тема. Француски „Л’Екип“ излезе со информација дека постоело причина за замената на Аргентинецот.
Меси уште не го покажал својот потенцијал во ПСЖ, иако многумина очекуваа инстант блесок во Лига 1. Кога на 15 минути пред крајот беше заменет, Меси направи гестикулација, а Почетино по мечот кажа дека тоа го направил за доброто на тимот.
„Л’Екип“ пишува дека Меси бил повреден и затоа бил заменет. Се работи за повреда на коленото со која играчот се здобил за време на репрезентативните обврски со Аргентина, на мечот против Венецуела. И покрај повредата која ја имал, Почетино одлучил Меси да стартува. Гестикулациите на Аргентинецот во финишот биле поради неможноста да го даде максимумот.
Вицепрвакот на Франција славеше во дерби-пресметката со 2-1 со доцен гол на Мауро Икарди.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



