Актерот Мајкл Вилијамс пронајден мртов во својот дом

607

Актерот Мајкл Вилијамс, ѕвездата на хит серијата „Жица“ (“The Wire”), е пронајден мртов во понеделник попладне во својот дом во Бруклин, објави „Њујорк Пост“.

Покрај актерот бил пронајден прибор за дрога, што укажува на можно предозирање, напоменуваат изворите.

Безживотното тело на Вилијамс во дневната соба го пронајде неговите најблиски.

Овој американски глумец во деведесетите беше и успешен танчер, а соработувал со Џорџ Мајкл и Мадона, пред да се преореинтира на глума, на што го поттикнал раперот Тупак Шакур.

Своевремено Вилијамс играч во „Сопранови“, а глумеше и во филмовите „12 години ропство), додека улогата Омар Литл во „Жица“ му донесе светска слава. Неговиот лик го обожувал и некогашниот американски претседател Барак Обама.

Вилијамс после таа серија тешко се прилагодувал на нормалниот живот. Се навлекол на дрога, и почнал да ескеприментира со кокаин, кој му ги „земал“ парите заработени од серијата, а потоа го исфрлиле и од стан од Бруклин.