При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори пронајдоа 100.000 швајцарски франци.
Според информациите на Царинската урава, на ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О. државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.

При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Парите се одземени, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Крива Паланка.










![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















