На подрачјето на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во три со полесни повреди се здобиле четири лица, а во две била причинеа материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, седум возачи за неправилно престигнување, како и двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Од сообраќај, пак, биле исклучени вкупно 37 возачи и 20 возила, од кои четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 28 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници и едно останато лице, а исклучените возила се нерегистрирани. Затекнати биле 159 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 58 возила.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













