Вооружени мажи упаднале во домот на претседателот на Хаити околу еден час по полноќ и го убиле. Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен во напад извршен во неговата приватна резиденција, пренесе BBC.
Претседателот починал откако на него е извршен атентат. Напаѓачите засега не се идентификувани, но според достапните информации на него е пукано додека престојувал во домот.
BBC пренесе дека во нападот е повредена и сопругата на Моиз.
Премиерот на Хаити, Клод Жозеф го потврди убиството и соопшти дека се преземени сите мерки за да се обезбеди стабилност во државата.
Моиз на власт беше од февруари, 2017 година. Неговото владеење беше прилично бурно. Често имаше обвинувања за корупција, како и антивладини протести во кои имаше и насилство.
Во последните месеци имаше доста протести за негова оставка.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















