Дневен хороскоп за понеделник (5. јули 2021)

1218

ОВЕН

Работа: Немате доволно доверба во работното опкружување и можно е од таа причина некои тајни да ги чувате за себе.

Љубов: Можно е партнерот да ви покажал незадоволство. На полето љубов ви следува криза.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.


БИК

Работа: Преоптоварени сте со обврски и не ви е нималку лесно на ова поле да го остварите балансот кон кој тежите.

Љубов: Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате со саканата личност.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Овој ден генерално не ви е поволен за работа, па потрудете се да не правите било какви грешки.

Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност не е искрена кон вас и ви смета тоа. Може да размислувате за прекин.

Здравје: Инфекции.


РАК

Работа: Може да очекувате дека ќе ги решите проблемите на работа. За вашите дилеми наскоро доаѓа одговор.

Љубов: Емотивната ситуација не ви е сјајна, и вие се чувствувате осамено. Можно е да размислувате за да и се јавите на поранешната љубов.

Здравје: Можен е стомачен вирус.


ЛАВ

Работа: Време е да превземете одговорност на работното поле и се повеќе да се посветите на своите обврски.

Љубов: Можно е саканата личност да покажува сомневање и љубомора. Сепак, сметате дека не сте причина за тоа.

Здравје: Болки во грлото.


ДЕВИЦА

Работа: На полето финансии ќе имате многу пресврти во следниот период. Најдобро би било сега да не вложувате премногу пари.

Љубов: Ве очекуваат сериозни промени кога е во прашање полето љубов.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.


ВАГА

Работа: Проверете ги сите информации кои ви доаѓаат затоа што може да се случи некоја илузија денеска.

Љубов: Можно е да ја идеализирате личноста која ви се допаѓа. Пред вас е неповолен период и можно разочарување.

Здравје: Проблеми со низок притисок.


ШКОРПИЈА

Работа: Најдобро би било да пробате да се посветите на вашата работа и обврските за да ги решите проблемите кои ги имате.

Љубов: Може да очекувате интересна комуникација со личноста која ви значи.

Здравје: Избегнувајте шеќери.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да се надевате на добар однос со колегите кои максимално ве поддржуваат на сите полиња.

Љубов: Ги криете своите чувства на љубовното поле и тешко ви е да се соочите со своите стравови.

Здравје: Ви годи масажа.


ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува напнат период кога е во прашање вашето работно поле. Можно е да имате големи караници.

Љубов: Не сте подготвени за големи промени кога е во прашање љубовта. Можно е на некој начи да тапкате во место.

Здравје: Посетете стоматолог.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве делува дека многу работи ви се превртуваат кога е во прашање работата, но на лошо. Нови проблеми ви тропаат на врата.

Љубов: Ако сте слободни, имате можност за промени. Ве очекува средба со нова личност денеска.

Здравје: Главата ви е чувствителна.


РИБИ

Работа: Имате впечаток дека на работата не оди се како што сте планирале. Ви стојат мали компликации.

Љубов: Не се чувствувате добро крај личноста со која имате љубовен однос и размислувате за прекин.

Здравје: Внесувајте витамини.