Од 1.000 пати пеење на химната, ова ми е прв и последен пат да ја погрешам, рече Нина Јанева Николовски, која завчера за време на протестот на уставобранителите ја згреши македонската химна.
„Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите… Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв“, напиша Нина Јанева Николовски, како објаснување за пропустот кој наиде наостри критики кон неа на социјалните мрежи.
Нина Јанева не си ја знае химната, го испушти Гоце Делчев 🙂 Ќе биде ли линчувана како Тамара? pic.twitter.com/CV5d0QbK3K
— Seir MK (@Seir_mk) May 30, 2021
Таа ја испушти втората строфа во која се пее за македонските револуционери и направи сличен пропуст како што направи пејачката Тамара Тодевска која ја згреши химната пеејќи на прием во Американската амбасада во Скопје по повод 4 Јули.
„Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, изјавила пејачката за „Женски магазин“.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











