Младите ѕвезди сакаат да се пофалат со својата линија и облини на социјалните мрежи. Кога ќе отпатуваат на егзотични дестинации, неизоставни се фотографиите во костим за капење. Меѓутоа, тоа е случај и со постарата генерација, а последна во низата пејачки која позираше во бикини е и фолк дивата Лепа Брена.
Пејачката која гордо ја гази шестата деценија од својот живот изгледа многу убаво и негувано, а доказ се и коментарите кои ги има под објавата кои се и повеќе од позитивни.
Заклучокот е еден, секоја чест за формата!