Израелците објавија снимки од жесток удар на Хамас: Тврдат дека уништиле беспилотна подморница

894

Израелските одбранбени сили објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нападот на беспилотна подморница со која наводно управувала палестинската вооружена група Хамас.

Израелските сили во текот на вчерашниот ден забележале подводен дрон во водите на Средоземното море и како што соопштија, подморницата наводно требало да изведе непријателска терористичка активност во израелски води.

Подморницата, како и транспортен брод биле уништени во напад на израелски воен брод и авион, при што биле убиени и неколкумина борци на Хамас.