Андреа Меза од Мексико е прогласена за најубава жена на светот за 2021 година, откако беше откажан минатогодишниот избор за Мис Универзум поради пандемијата на коронавирусот.
Андреа има 26 години, по професија е софтверски инженер, а е третата Мексиканка во историјата која ја освоила титулата за најубава жена, покрај Лупита Џонс и Химена Наварете.
„Живееме во општество кое напредува од час во час. Како што и ние напредуваме како општество, така гледаме напредок и во стереотипите. Денес убавината е повеќе од само изглед. Ако мене ме прашувате, убавината се гледа и во духот, во срцето и во начинот на однесување. Никогаш не дозволувајте било кој да ви каже дека не вредите“, рекла Андреа.

Таа ја прокоментирала и ситуацијата со пандемијата:
„Мислам дека сите глобално ќе поминевме многу подобро доколку сите држави на почетокот ги затвореа границите. Но, не го направивме тоа и многу животи беа загубени“.
И како што е секогаш случај со ваквите натпревари, така и овој беше поврзан со контроверзии бидејќи поголемиот дел од публиката смета дека претставничката на Перу требало да ја понесе титулата, а не Мексиканката Меза.



















![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















