За правилна работа на штитната жлезда важна е добрата работа на црниот дроб, живот без стрес, селен, витамин А, кортизол, магнезиум и витамин Б.
Доктор Брод Барнс, доктор кој бил далеку пред времето уште во 50-тите години открил дека температура на нашето тело е добар индикатор на активноста на штитната жлезда, посебно температурата на телото веднаш по будењето.
Тој напишал и книга за активноста на оваа жлезда, но смислил и едноставен домашен тест кој може да се примени за да проверите во каква состојба е вашата штитна жлезда.
„Пред спиење земете топломер и добро протресете го. Бидете сигурни дека температурата на него е пониска од 35 степени. Следното утро веднаш по будењето ставете го топломерот под пазувите, држете го 10 минути, погледнете го резултатот и веднаш запишете го. Резултатот е познат како „рана утринска базална температура“, изјавил докторот
Резултат од тестот:
1. Доколку вашата температура е меѓу 36.5 и 36.8, вашата штитна жлезда работи нормално.
2. Доколку температурата е пониска од 36.5, тогаш таа забавено работи. Симптомите на намалена работа на штитната жлезда се депресија, недостаток на енергија, умор, инфекции, хронична главоболка, недостаток на паметење и концентрација, опаѓање на косата.
3. Доколку температурата е повисока од 36.8, станува збор за забрзано работење на штитната жлезда или пак инфекција во телото.
Совет: Поради точност на резултатот се препорачува тестот да го повторите 3 дена по ред. Доколку вашата температура е над или под границата на нормала, препорачуваме да се консултирате со доктор поради потврда на дијагнозата и препораки за лекување.