Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска изминатиот период се фрли на здрав начин на исхрана и физичка активност и дојде до посакуваниот резултат – својата линија да ја доведе до совршенство.
Имено, Гиговска неодамна откри дела ослабела 21 килограм, а на социјалните мрежи често постира фотографии на кои ја покажува своја нова линија.
Во разни модни комбинации ѕиркаат нејзините соврешни облини, а пејачката потполно се трансформираше.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА
Иако се уште не е лето, Антониа ја отвори летната сезона. Имено, пејачката изминатиот период беше на патување во Анталија и го искористи времето да ужива и да ги полни батериите.
Меѓутоа, пејачката освен тоа уште уживаше под зраците на сонцето, првпат откако драстично ослабе се соблече во бикини и ја покажа својата завидна фигура.
Имено, таа позираше во костим за капење, а според приложнето Антониа изгледа никогаш подобро.
Под објавата доби еден куп позитивни коментари, а дали Гиговска и понатаму ќе продолжи да слабее или веќе е задоволна од овој изглед, останува да следиме.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












