Новиот авион „Ербас А330“ со ликот и името на Никола Тесла, што ќе го користи националната авиокомпанија „Ер Србија“ на летовите кон Њујорк, слета денеска на белградскиот аеродром .
„Ер Србија“ претходно објави дека новиот авион го добил својот уникатен изглед во Шенон, Ирска, а за процесот на сликање биле користени 22 различни бои и околу 250 литри боја.
„Потребни беа осум дена непрекината работа во три смени, со тимови од околу 10 лица на смена, за да се создаде ликот на познатиот српски научник“, објави „Ер Србија“.
Препознатливата сина боја, како дел од корпоративниот идентитет на националната авиокомпанија, беше избрана за основна боја на лицето на Тесла, за чиј графички приказ биле користени 19 различни тонови од оваа боја.
Извршниот директор на „Ер Србија“, Данкан Нејсмит претходно изјави дека доаѓањето на овој авион е исклучително важен настан за авиокомпанијата, и дека релација Белград-Њујорк е една од клучните и дека е сигурен дека пристигнувањето на новиот авион ќе придонесе до уште подобро патничко искуство за патниците, како и успехот на рутата што го поврзува целиот регион со САД.
„За нас е голема чест што нашиот авион ќе го носи името и ликот на Никола Тесла. Фактот дека тој е голем генијалец од овие простори, но дека поголемиот дел од својот живот го помина во Њујорк, дополнително и дава значење на симболиката на неговиот лик во авионот што ги поврзува Белград и познатата метропола “, истакна Нејсмит.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)


















