Кон крајот на 2019-та година, Вил, 31-годишен програмер одморал во дворот на неговата куќа во југозападен Лондон, кога видел дека нешто паѓа од небото.
Бидејќи тоа е рутата по која авионите слетуваат на лондонскиот Хитроу, мислел дека се работи за торба.
Сепак, тоа било преголемо и Вил видел дека паѓа многу брзо. Непосредно пред падот, ги видел рацете и нозете на ‘предметот’. Според податоците за летот, тој открил дека станува збор за авион кој 8 часа порано ја напуштил Кенија за Велика Британија. Најпрво наишол на ранец и му било полесно, но тоа не било сè што паднало од авионот.
Неговите соседи веднаш дотрчале кај него и го прашале пребледеното момче дали во неговиот двор паднал човек, а тие добиле позитивен одговор. Се работело за полу замрзнато тело на 20-годишник кој го ‘запрел’ авионот.
Кога полицијата пристигнала, во ранецот не пронашла ништо необично, имало сок, вода, леб и тренирка. Според сметката за вода, сфатиле дека мажот се качил во Нароби, бидејќи авионот претходно долетал од Јоханесбург. ДНК тестот не помогнал да се утврди идентитетот.
Инаку, оваа практика на слепите патници не е невообичаена и според податоците на американските летала, од 1947-ма до 2010-та година, 128 лица го пробале тоа, а три четвртини од нив починале. Не е ни чудно, бидејќи кога авионот ќе ја достигне висината на која лета, температурата паѓа на минус 54 степени, и ако слепиот патник преживее во складиштето на опремата за слетување, тој сигурно ќе се онесвести при слетувањето.
Полицијата во Кенија не можела да утврди за кого се работи, сè додека Британците не го реконструирале лицето на несреќникот. Тогаш се утврдило дека се работи за Пол Мнаси, работник на одржување на авионите. Приказната ‘паднала во вода’ кога се утврдило дека таков човек не работи на аеродромот. Се појавило и друго име на работникот, но се утврдило дека се работи за човек кој е во затвор.
Мистеријата на човекот кој паднал од небо, сè уште не е решена.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















