Верските собири во Европа, да се одржуваат на отворено препорача Светската здравствена организација со оглед на тоа што доаѓаат верските празници Велигден и Рамазан.
„Во земјите каде заразата се шири повеќе, треба сериозно да се размисли за виртуелни собири, за одложувања или за намалување на големината на овие собири“, препорача СЗО во однос на верските прослави во текот на пролетта во Европа.
Општо, „сите религиозни обреди треба да се одржуваат надвор, ако е можно, или да се намалат по обем и времетраење, во однос на проредот, вентилацијата, миењето на рацете и употребата на маски“, препорачува организацијата на ООН.
„Уште подобро е ако се слави само со членови на домаќинството“, вели СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт во случај на симптоми и карантин. Што се однесува до собирите во затворени простори, СЗО потсетува дека тие се „особено опасни, дури и ако се помали“ затоа што се собираат членови на различни домаќинства, иако официјално не ги забранува овие собири.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












