Руската војска добива суперснајпер: Американските медиуми го прогласиле за – убиец на американски војници

458

Единицата Росгвардија до крајот на годината ќе биде посилна за гарнитура нови снајперски пушки со голем дострел и екстремна прецизност – “Точност”.

Во план е и развој на специјален тип на извидничко-инженерска машина “Сурдинка”, која нема адекватен аналог во светот. Нејзината испитно-развојна фаза е ограничена за крајот на 2019. година, по што започнува нејзиното сериско производство и испорака.

Сите елементи кои се поврзани со снајперската пушка “Точност” се усвоени во вооружувањето на ФСО Русија и Росгвардија. Денес биле склучени договорите и се тргнало во фаза на реализација. Првата сериска испорака на овие пушки за специјалната единица Росгвардија веќе започнале.

Како што своевремено пренел сајтот “Popular Mechanics”, во судир со руските снајперсити опремени со оваа пушка ќе треба да се изведе тактичко повлекување и одвојување од непријателот. Било каков обид за размена на оган со непријател кој е опремен со вакво средство, речиси сигурно ќе доведе до фатални последици по нашите војници, заклучува аналитичарот на сајтот.

Пушката е развиена на база на системот “ORSIS T-5000”. Во однос на базичната верзија на таа пушка, руските конструктори направиле 210 технички подобрување на самото оружје, од кои некои се тотално иновативни, така што со големите можности може да се каже дека овој систем нема конкуренција во светот. Оружјето ќе може да дејствува со два типа на муниција, со класично и панцирно зрно, и тоа во 2 калибри – .309 Winchester и .338 Lapua Magnum. Ефективниот дострел на оваа пушка се проценува на дури 2км.

Исто така, Федералната служба на војската на националната гарда нарачала изработка на инженерски машини-возила за специјални групи на извидници и деминери под име “Сурдинка”. Рокот за завршување на конструкторската фаза е ограничен за крајот на 2019. година. Ориентационата количина на овие возила за потребите Росгвардија е проценета на околу 60 парчиња.

Возилото ќе има облик и димензии на оклопен автомобил, со посебно засилен под кој ќе може да издржи и противтенковска мина. На него ќе има интегрирани уреди за противелектронска борба кои ќе го блокораат далечинското активирање на минско-експлозивни средства. Екипажот ќе се состои од два војника + специјална група извидници и деминери.

Според зборовите на началникот на Центарот за техничко обезбедување на единицата Росгвардија, потполковник Александар Коршков, моментално интензивно се работи на развој на целосно ново борбено возило специјално за потребите на Росгвардија. Основната база на ова возило ќе биде шасијата на автомобилот “Камаз”. Тоа ќе биде универзално и ќе може да врши функции за деминирање на терени но и отстранување на препреки.