Џејн Симор, која што е позната по серијата „Dr. Quinn, Medicine Woman“ и која што ја толкуваше улогата на Бондовата девојка, вели дека досега нема направено ниту една естетска корекција на своето тело, а телесната тежина ја одржува на специфичен начин.
Во февруари, оваа година, актерката наполнила 70 одини, а изгледа како девојка од 30 години.
Актерката открила дека и сега ја има истата телесна тежина која што ја имала и на 17 години. Открила и дека тајната за тој нејзин успех е пилатесот, еден оброк на ден и уживање во чаша вино и темното чоколадо.
Таа исто така изјавила дека сака да пешачи, а вели и дека никогаш не била на диета и дека верува дека себеси треба да си удоволувате (и кога станува збор за храната), но секако во умерени количини.
„Шетам по плажа, вежбам пилатес. Се обидувам да останам во форма и да јадам здрава храна, но никогаш не сум била на диета или пак нешто слично. Кога сè е умерено тоа делува на мене“, изјавила Џејн.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















