Како што информираат музичарите од Прилеп, вчера самоиницијативно оствариле работен состанок на кој разговарале за проблемите со кои се засегнати поради здравствената и економска криза.
Во писмото кое го испратија до медиумите со фотографии од средбата и потписи на учесниците велат:
„Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да музицираме. Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафичи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!!
Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“. Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој со својот потпис ја поддржа оваа одлука“, стои во информацијата.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











