Откако македонската актерка денес беше приведена поради наводно кривично дело – криумчарење на дрога, се огласи нејзината ќерка исто така актерка, Јана Стојановска.
„Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми па да ми каже што се случило“ – изјавила Јана за “Женски магазин“ која моментално се наоѓа во Букурешт каде што живее изминативе месеци со својот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ и нивниот син Ненад кој има три и пол месеци.

На Стојановска ѝ се одредени 30 дена домашен притвор поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со кокаин.
За делото за кое е осомничена Стојановска, кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















