Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ во Австрија споредена со автоматската пушка „Калашников“.
Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ во Австрија ја споредуваат со „сигурниот“ и „ефикасен“ автомат „Калашников“. Ова го изјави водечкиот инфектолог на Медицинскиот универзитет во Виена и претседател на Австриското здружение за инфективни болести и тропска медицина проф. д-р Флоријан Талхамер.
Според него, во еден „многу почитуван журнал“ се објавени охрабрувачки податоци за руската вакцина. Тој истакнува дека „Спутник V“ е сигурна, затоа што при првата и втората вакцинација се користат различни вирусни вектори.
„Спутник V“ е како автоматот „Калашников“, рускиот автомат: едноставен, сигурен и ефикасен“, изјави професорот во интервју за весникот „Кронен Цајтунг“, пренесува „Газета.ру“.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































