Што е Марадона во фудбалот тоа е Стевче Јакимовски за градоначалниците од СДСМ – вака лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош реагираше откако беше прозван од градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ дека му оставил долгови на негоиот наследник Стефан Богоев.
„Вели дека неговиот колега од Општина Карпош наследил долгови од претходниот градоначалник (тоа сум јас) и затоа владата му дала 4 милиони евра за да не ги решава проблемите од претходникот туку да се посветел на нови проекти. Пази богати! Тие ќе решавале мои проблеми! Кој проблем ќе го решаваат? Секаде сум направил канализации (фекални и атмосферски), никаде не се гази кал. Сите улици асфалтирани. Оставив 10 училишта комплетно реновирани, од десет објекти во градинките осум реконструирани, сите светилки се нови-штедливи“, напиша Јакимовски на фејсбук.
Тој додава дека Општина Карпош во 2016-та и 2017-та година остварила приходи од по 11 милиони евра, додека денес приходите се 6 милиони евра.
-Значи за три години има помалку инкасирано 15 милиони евра. Ете каде ви е проблемот, во вашето незнаење и неспособност да си ги приберете приходите. Тие ќе решавале мои проблеми? Чии проблеми решава Златко Марин? На пример, Ивица Коневски му остави 4 милиони евра на сметка а колку што слушам во моментов има скоро 7 милиони евра на сметка и не знае како да ги потроши затоа што нема проекти. Затоа ќе ви кажам нешто што треба да го запаметите. Што е Марадона во фудбалот тоа е Стевче Јакимовски за градоначалниците од СДСМ“, рече Јакимовски.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











