Од синоќешната NBA програма која ја сочинуваа 9 натпревари, го издвојуваме дуелот помеѓу Орландо и Чикаго.
Тимот од Флорида славеше со конечни 123-119 во неизвесен меч на кој своја ноќ имаше црногорскиот репрезентативец, Никола Вучевич. 30 годишниот ветеран постигна рекордни во кариерата 43 поени, на што придодаде и 19 скокови.
“Вуч” одигра магичен натпревар на кој како вистински лидер го предводеше својот тим до победа на домашен терен. Неговиот Орландо сезонава игра променливо и покрај стандардно добрата игра на својот All Star центар. Со скор од 9 победи и 14 порази, во моментов се наоѓа на 11-та позиција во источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















