Талески: Конечно сум задоволен, нема да застанам тука

662

Вардар стигна до втората победа во новата година откако на домашен терен славеше над Нексе со 27-26 со СЕХА лигата. Еден од предводниците на „црвено-црните“ беше Филип Талески кој потсети на најдобрите денови и го одигра најдобриот натпревар оваа сезона во кој постигна шест погодоци.

По дуелот македонскиот репрезентативец се осврна кон осцилациите во играта, кои смета дека ќе бидат само една добра поука, а добрата форма ќе се обиде да ја пренесе и на следните средби.

„Среќни сме за втората победа во СЕХА лигата. Малку потешко од очекувањата. Доволно се познаваме со Нексе. На стартот добро ни одеше, посебно во нападот, но во последните петнаесетина минути тие стигнаа до егал и се играше гол за гол. Мислам дека не смеевме да дозволивме такви падови во играта и треба да извлечеме поука. Задоволен сум од мојата игра, ми требаше вакво нешто за самодовербата, конечно мислам дека го дадов тоа што треба секогаш да го давам. Нема тука да застанам, ќе одам само напред“ – изјави Талески.