Лиса Баута Шакири која е позната како поборник за женските права, воедно и правник, а е сопруга на познатиот рок пејач Бени Шакири, во врска со случајот за објавување слики од девојчи во групата на Телеграм која сега е затворена, на Фејсбук напиша:
Е сега вака: НИЕ ЖЕНИТЕ што сакаме ке постираме! И голи можеме да се сликаме, а вие да ни се фатите!
Не ви пали веке тоа “лесна девојка”
Таа дополни дека ова е напад врз сите жени.
Драги жени, ова е напад врз сите нас!
Не смееме да се криеме, не смееме да ќутиме. Ние не сме сек суални објекти, туку сексуални суштества! Нашата сек суалност е наша работа, и наше право! Со тоа не се срамиме, напротив, се гордееме зошто преку тоа деца рагаме!
Драги девојки жртви – на мојот фб и инста профил има и слики каде сум доста разголена!
Јас сум мајка на 2 деца и сопруга на брилиантен маж кој има почит кон жената и женското тело!
Постирање слики е тотално ОК!
Штом е за мене, за вас е уште повеке!
Главата горе!
Ние сме заедно во ова.
П.с. ви стојам на располагање за поддршка и секаква помош! – напиша таа на својот Фејсбук профил во знак на поддршка за сите жени.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















