На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид.
Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.
Преку донацијата на возилото, ЕКО ФАП ќе има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица.
Мобилните противпожарни млазници, пак, би биле употребени во опремување на противпожарен брод во рамките на здружението.
Предлогот за давање донација на еколошкото здружение од Охрид е во согласност со политиките на Град Скопје за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Градот ја цени и поздравува иницијативноста на ова здружение и, преку оваа соработка, сака да мотивира слични дејства кои ќе придонесат за развивање на сите општини, заедничка соработка и активирање на граѓанските организации.
Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје, нема повеќе потреба од опремата која треба да се донира, а истата е веќе испишана со завршниот попис за 2020 година.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











