Антонио Конте суспендиран

74

Тренерот на Интер, Антонио Конте мора да плати казна од 20.000 евра, но покрај тоа ќе ги пропушти следните два натпревари на својот тим.

Конте беше предмет на истрага од Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација по вербалните пресметки со судијата Фабио Мареско по мечот Удинезе – Интер (0:0) минатиот викенд.

Конте беше бесен бидејќи сметаше дека Мареска му наштети на неговиот тим и дека требаше да го продолжи мечот повеќе од четири минути.

Тренерот на „нероазурите“ ги пропушта следните два натпревари, а покрај него, казнет е и менаџерот на Интер, Леле Ориали, кој треба да плати 5.000 евра.

И покрај суспензијата на два натпревари, Конте може да го предводи својот тим на дербито против Милан вечерва бидејќи казната се однесува само на првенствените дуели, а не на оние од Купот.