Научниците од новосибирскиот научен центар „Вектор“ при рускиот регулатор, први во светот направија фотографија од британскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, беше објавено во понеделникот на веб-страницата на агенцијата.
„Фотографија на вирусот под микроскоп е добиена како дел од тековното проучување за својствата на оваа варијанта на новиот коронавирус“, се наведува во соопштението. Притоа се додава дека посебно се проучуваат неговите структурни карактеристики, како и на неговите манифестации во експериментални модели со употреба на лабораториски животни и клеточни култури.

Примерокот од новиот сој на коронавирусот беше изолиран во Англија кон средината на декември кај заболен од Covid-19. Снимката е направана со помош на трансмисиски електронски микроскоп со зголемување од 100.000 пати.
Кон средината на декември во Велика Британија беше откриена новиот мутиран сој на вирусот SARS-CoV-2, означена како VUI-202012/01. Според научниците, оваа вариента е позаразен меѓу 56 до 70 отсто, од оригиналната верзија. Иако британскиот премиер Борис Џонсон минатата седмица објави дека овој сој е посмртоносен за 30 отсто од претходно познатиот сој, засега научниците не ги потврдуваат овие наводи.
Во текот на последниот месец, случаи на зараза со сојот VUI-202012/01 беа идентификувани во најмалку 60 земји.
Притоа, од „Вектор“ се истакнува дека PCR тестовите кои се регистрирани во Русија и развиени од институциите под рускиот регулатор Роспотребнадзор, овозможуваат откривање на случаи на зараза со британскиот сој на SARS-CoV-2, а системот на тестирањето на Централниот истражувачки институт за епидемиологија може да разликува мутиран вирус од вообичаените форми.
Покрај тоа, се истакнува и дека мутациите карактеристични за новиот сој не влијаат на ефикасноста на вакцината „ЕпиВакКорона“ која ја разви токму центарот „Вектор“, бидејќи таа е развиена врз основа на пептидни антигени. Тие се однесуваат на конзервативните делови на протеинот на коронавирусот и не подлежат на никакви промени.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

