Tетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба во локал во Јанчиште, откако бил снимен од камерата за видео-надзор. Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.
„На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе-бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво ја отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67 140 денари, дел во евра и дел во денари“,
информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.
Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведено 45-годишно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















