Дваесет и петгодишно лице од Скопје вчера почина откако со мотоцикл излетал од коловозот на автопатот Скопје – Тетово.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци. Лицето Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.
Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















