Голем број на Албанци вчера излегле на улиците на Тирана поради убиството на 25-годишното момче Клодијан Раше, кој го прекршил полицискиот час воведен поради сузбивање на коронавирусот.
Раше го прекршил полицискиот час и не сопрел на барање на полицијата.
Демонстрантите, кои ја прекршиле забраната за собирање на повеќе од 10 луѓе, набрзо се судриле со полицијата. Фрлале камења кон полицајците и кон зградата на Владата, Министерството за внатрешни работи и Собранието.
Се обиделе да упаднат и во комплексот на Владата во кој се наоѓа кабинетот на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.
Претставник на полицијата во Тирана изјавил дека најмалку девет полицајци биле повредени и дека демонстрантите оштетиле неколку полициски возила.

Демонстрантите тврдат дека протестот не е политички, но меѓу насобраните можеле да се видат и приврзаници на опозицијата. Демонстрантите запалиле и турнале накитена елка.
Демонстрантите извикувале “Рама, оди си” и “Јас сум Клодијан”.

Инаку, во Албанија поради пандемијата се воведени ограничувања на јавни собири, задолжително носење на маски и ноќен полициски час.
Премиерот Рама во меѓувреме отпатувал во САД за да преговара за набавка на вакцина, но исто така бил фотографиран и како пазари, што опозицијата како одвај да дочекала.




















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















