ВОНРЕДНА ВЕСТ: Мајка и дете пред малку се фрлиле од зграда во Скопје

930

Инцидент пред малку се случил кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.

Според извори на А1он, мајка и дете се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје.

Екипи на Брза помош упатени се на местото каде се случи немилиот настан.

Од МВР за А1он потврдија дека околу 14.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од балкон во зграда во скопската населба Карпош скокнала мајка со дете.