Брук Бурк моментално е на одмор во Тулум, а таму ја покажала својата прекрасна форма на тело и покажала како ужива со соето момче Скот Ригсби со кој што веќе една година е во врска.
Американската актерка и Плејбој зајачица е една од оние жение која што привлекува восхит и внимание каде и да се појави, па така таа и на 50 години може да се пофали со својата беспрекорна линија на тело.
Па, така и овие денови таа предизвикала внимание на мексиканските плажи каде што уживала со своето момче Скот.

Тие двајцата не се одвојувале еден од друг и разменувале нежности во јавноста. Парот бил снимен од папарацо фотографите, а 49-годишната Брук на фотографиите изгледа навистина опуштено, но воедно и фантастично.
Инаку, парот на одмор е со своите пријатели, а дел од атмосферата Брук споделила и на социјалните мрежи.

Скот се занимава со продажба на недвижнини, а Брук со него е заедно од 2019-та година откако се развела од актерот Дејвид со кој што во брак била 12 години.
Поранешните сопружници останале во добри односи и заедно ги одгледуваат своите деца, 12-годишниот син Шај и 13-годишната ќерка Хевен.












![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











