Дронот „Елиос 2“ за првпат после 33 години влезе во петтиот реактор од нуклеарната електрана во Чернобил.
Дронот ѝ припаѓа на компанијата “Flyability”, а негова задача е да изврши инспекција на една од најопасните и најнепристапни локации на светот. Станува збор за нуклеарната електрана во Чернобил каде се случи катастрофа во 1986-та година, а ова е првпат да се врши проверка на петтиот реактор.
Во времето на катастрофата, петтиот блок од нуклеарната електрана беше во завршна фаза од изградбата и никогаш не беше завршен, а не беше познато дали базените во петтиот реактор содржат шипки со осиромашено ураниумско гориво.
Токму поради тоа дронот „Елиос 2“ влезе во реакторот и беше утврдено дека базените се празни, односно дека во реакторот нема нуклеарен отпад.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)
































