(ВИДЕО) Владимир Путин облече заштитно одело и ги посети заболените од Ковид 19

648

Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ја посети болницата во Коминарк, предградие во Москва, во која се сместени најголем број од заболените пациенти од коронавирус. На влезот облече жолто заштитно одело.

Путин разговараше со главниот доктор на болницата, Денис Проценко, кој оваа установа ја нарече “космос”.

“Ова е како космос. Не можам да говорам како е сега во светот, но се усовршував и бев на размена во Европа. Ова болница е многу подобра”, одговори Проценко, на прашањето на претседателот.