Односот на принцот Хари и Меган Маркл во последно време наидува на многубројни пречки, па дали сопружниците ќе успеат да го зачуваат бракот?
Односот на 36-годишниот британски принц Хари и неговата три години постара сопруга, поранешната актерка Меган Маркл е еден од оние што со години не престанува да ја интригира светската јавност. Иако со заедничката одлука да ги напуштат кралските должности и со 1-годишниот син Арчи да го продолжат животот далеку од кралскиот двор покажаа дека се хармонична двојка, магазинот New Idea информира дека односот им е најлош досега.
Име, според написот на споменатиот медиум, сопружниците неодамна жестоко се скарале по што Меган бесна ја напуштила семејната куќа во Санта Барбара и заминала да преноќи во хотел. Иако следното утро се вратила дома, односот се’ уште им е нарушен.
Како причина за караницата се наведува поканата од кралскиот двор упатена до принцот да му се придружи на остатокот на кралското семејство за време на претстојните празници, во која не се спомнува неговата сопруга. Како што пренесуваат странските медиуми, Хари навистина би можел празниците да ги помине во родната Англија, а поради напнатите односи меѓу дворот и неговата сопруга Меган, бившата глумица би можела да го прескокне патувањето во татковината на својот сопруг.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











