Три години затвор за Сашо Мијалков, за Мендух Тачи 4 години и 6 месеци

1223

Три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.

Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелациониот суд ги спаси од кривичен прогон. Првото рочиште за овој предмет се одржа на 24 април 2018 година.