Основачот на Амазон, Џеф Безос, моментално поседува нето богатство од 181,4 милијарди долари, а неговата компанија оваа година напредувала можеби повеќе од било кога.
Тој го зазема првото место на листата на најбогати луѓе на светот и тешко дека некој наскоро ќе го „тргне од тронот“. Зад него е Илон Маск, основач на „Тесла“, иако треба уште многу да се труди за да го стигне Безос.
За почеток, Џеф Безос вели дека добриот сон е неопходен за нормално функционирање наутро, па тој никогаш не се откажува од своите 8 часа сон. Иако некои бизнисмени тврдат дека спијат само 4 до 5 часа, овој Американец не е помеѓу нив.
Деловните состаноци ги организира наутро, по 10 часот. Тоа се состаноци кои Џеф ги нарекува „high-IQ meetings“ и на нив се донесуваат најважните деловни одлуки за тој ден. Кога сказалките ќе покажат 17 часот, сите одлуки и предлози се оставаат за наредниот ден. По ова може да се заклучи дека Безос не е „ноќна птица“ и претпочита да мисли на работата кога е одморен.
Интересно е што овој успешен милијардер во текот на состаноците донесува точно 3 одлуки, а се фокусира на работите кои ќе се остварат за наредните 3 години.
Како што наведува во својата книга „Invent and Wander“, моментално се занимава со 2023 година и додава дека одлуките се често двонасочна улица и треба да се биде храбар.
Безос не ги проверува мејловите штом ги отвори очите, туку вели дека пред секоја работа најпрвин појадува со своите деца, пие кафе и го чита дневниот весник.
„Како главен раководител, за што сте навистина платени? За донесување мал број висококвалитетни одлуки. Вашата работа не е секојдневно да донесувате над 1000 одлуки“, напишал Безос.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


